Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пензионерите формираа синдикат кој ќе се залага за утврдување минимална пензија

Пензионерите формираа синдикат кој ќе се залага за утврдување минимална пензија

Денес пензионерите се обединија во синдикат со цел да стане репрезентативен социјален партнер кој ќе биде вклучен во реформите на пензискиот систем и ќе се залага за подобар социјален статус на оваа категорија граѓани.

На Основачко собрание во Скопје новото раководство, најави дека ќе се залага за утврдување на минимална пензија по примерот на минималната плата, а со тоа и за подобрување на стандардот на пензионерите. .

„Ќе се бориме за подобрување на стандарот на сите пензионери, особено на социјално загрозените пензионери. Ако постои минимална плата, зошто да не постои минимална пензија. Целта е подобрување на економскиот стандард на пензионерите, подобрување на пензиско инвалидското осигурување. Ќе настојуваме и што поголем број пензионери да имаат пристап до здравствено осигурување“, изјави новоизбраниот претседател на синдикатот Маријан Спасовски.

Спасовски не потврди колку би изнесувала висината на минималната пензија, но рече дека прво треба да се направат анализи по што ќе ја информираат јавноста.

Синдикатот на пензионерите ќе функционира во рамки на Конфедерацијата на слободни синдикати од каде истакнуваат дека формирањето на вакви синдикати е пракса во сите европски држави и во регионот.

Слично

Поврзани вести