Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пензионер починал во самоизолација во Битола

Пензионер починал во самоизолација во Битола

Пензионер од Битола починал додека бил во задолжителна самоизолација откако се вратил од Англија, информира Сител.

Станува збор за 66-годишен битолчанец кој живеел во стан на улицата „Димче Лахчански“ во Битола. Две недели бил сам во самоизолација, бидејќи неговото најблиско семејство живеело во Англија.

Роднините побарале полициска асистенција за да се отвори станот откако не им се јавувал на повиците.

Причината за смртта засега се уште не е позната, но се третира како потенцијален заболен од коронавирус во овие околности. 

Директорката на Центарот за јавно здравје Битола, д-р Елизабета Крстева за Сител изјави дека откако била констатирана смртта епидемиолозите зеле брис од починатиот, а телото беше подигнато од страна на погребалното претпријатие. 

Од Центарот за јавно здравје Битола очекуваат резултатите да бидат готови денес, од што зависи и како ќе се постапува со безживотното тело.


Слично

Поврзани вести