Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕНЗИОНЕР ОД ШТИП И УШТЕ ЕДЕН СОГРАЃАНИН ЗАД РЕШЕТКИ - МВР им пронајде марихуана и пиштол без дозвола

ПЕНЗИОНЕР ОД ШТИП И УШТЕ ЕДЕН СОГРАЃАНИН ЗАД РЕШЕТКИ - МВР им пронајде марихуана и пиштол без дозвола

Двајца жители на Штип, од кои едниот е повозрасен граѓанин, во пензионерски денови, се уапсени поради поседување марихуана и пиштол, соопшти Министерството за внатрешни работи. 

Како што обзнанија, вчера попладнето во Штип во 16.40 часот полициски службеници од Oтсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода Т.П.(43) и М.П.(74), двајцата од Штип.

- При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и пиштол со рамка со осум куршуми калибар 7,65 мм за кој не поседувале дозвола - се појаснува во соопштението испратено од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слично

Поврзани вести