Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пензиите предвреме, производите поскапени

Пензиите предвреме, производите поскапени

Пензионерите ќе ги добиваат етапно во зависност од висината на пензијата, но исплатата почнува од понеделник, од 26 април. Станува збор за предвремена исплата а се прави веќе од стартот на пандемијата за да не се создаваат гужви во банките и на шалтерите односно, како што велат од Министерството за труд и социјална политика, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот ковид-19. Овој и претходниот месец регистрирано и зголемување на цените на основните производи, на маслото за јадење, лебот и на дел од лековите.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.4.2021 година (понеделник);

– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.4.2021 година (вторник);

– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.4.2021 година (среда);

– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.4.2021 година (четврток).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 26 април.

Слично

Поврзани вести