Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендиков во Бугарија ќе добие сместување, а можеби и лично обезбедување

Пендиков во Бугарија ќе добие сместување, а можеби и лично обезбедување

Охриѓанецот Христијан Пендиков останува во Бугарија. Тој таму ќе добие сместување, но и државјанство во најкус можен рок. 

Бугарскиот шеф на дипломатијата, Николај Милков денеска на прес-конференција кажа дека секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Пендиков, кој со бугарски владин авион го однесоа на лекување во Бугарија по тепачката во Охрид, во најбрз можен рок ќе добие бугарско државјанство, пренесе БНТ.

Милков вели дека Пендиков се плаши за својот живот ако се врати во Македонија и затоа се размислува и за можноста да му се даде и лично обезбедување.

„Обидите за надградување и за смирување на односите меѓу Бугарија и Македонија всушност беа минирани од конкретни дејствија на властите во Скопје“, изјави Милков.

Пендиков вчера во претседателската резиденција се сретна со бугарскиот претседател Румен Радев и потпретседателката Илијана Јотова. 

Од бугарскиот клуб како што беше објавено претходно имаше и помош во храна за Пендиков. 

Сепак, во јавноста се појавија и дилеми за тоа кој бил мотивот за тепачката во Охрид, дали навистина е националната припадност, затоа што едниот од напаѓачите поседувал бугарско државјанство, а Пендиков не. 

Слично

Поврзани вести