Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендиков ослабе 25 килограми по претепувањето во Охрид

Пендиков ослабе 25 килограми по претепувањето во Охрид

Секретарот на бугарскиот културен клуб од Охрид, Христијан Пендиков, кој наводно беше нападнат од национална нетрпеливост на почетокот на јануари, по тепањето изгубил повеќе од 25 килограми.

Пендиков и натаму гостува на бугарските телевизи, а ова е последно што го откри за себе во емисијата „Он фокус“ ​​на Нова ТВ на која се појави видно ослабен и со нов изглед.

Тој по претепувањето се лекуваше во Медицинскиот центар во Софија, а во Бугарија ќе продолжи да студира.

- Македонија е моја земја, ние сме Бугари во Македонија и сакам слободно да живеам таму, рекол Пендиков.

Тој го повторил истото дека често се враќа во Охрид на рочиштата и дека на сите досега добивал закани.




Слично

Поврзани вести