Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендиков: Најистакнатите македонски Бугари, кои се борат и добиваат закани, немаат бугарско државјанство

Пендиков: Најистакнатите македонски Бугари, кои се борат и добиваат закани, немаат бугарско државјанство

Бугарското државјанство му давало спокој на oхриѓанецот Христијан Пендиков. Moмчето повторно говореше пред бугарската јавност. Тој неделава доби бугарско државјанство на свечена церемонија во Софија. Државјанството му го врачи бугарската потпретседателка Илијана Јотова. 

Ден по добивањето на бугарското државјанство, во интервју за БНТ, Пендиков изјави дека на крајот на месецот ќе се врати во земјава на претстојното редовно рочиште за случајот за нападот врз него кој се случи на почетокот на годинава.

Вели дека има многу македонски Бугари, како што се претседателите на бугарските клубови, кои немаат бугарско државјанство, а за ова доставиле документи пред долго време.

„Најистакнатите македонски Бугари, тие што најмногу се борат, кои добиваат најмногу закани, тие немаат бугарско државјанство, но тие пред многу години поднеле документ за бугарско државјанство и чекаат, им треба помош“, вели Пендиков во интервјуто.

Вели дека скоро целосно заздравел од повредите, а како Бугарин е мирен затоа што има бугарско државјанство.

„Чувството дека имам бугарско државјанство за мене е чувство што ми дава спокој за иднината“, вели тој.

Раскажува дека немал проблеми претходно, но откако почнал да кажува дека е Бугарин, според него, луѓето го смениле односот. 

„Но, кога гласно го покажавме бугарското чувство, тие почнаа да ни го покажуваат прстот. Не можеме мирно да шетаме во Охрид, во другите градови, кај и да одиме мора да се вртиме, некој ќе ни се обрати со закани, ќе нè опцуе, тоа не е убаво“, рече Пендиков.

Пред неколку месеци три лица го нападнаа во Охрид, по што властите во Софија испратија владин авион и го однесоа на лекување. Тој најави дека останува во Бугарија каде ќе студира. Инаку, македонски граѓани поседуваат бугарски државјанства кои ги земале од егзистенцијални причини за да патуваат и работат во Европа. Расте бројот и на руски и турски граѓани кои земаат бугарски пасоши. 

Слично

Поврзани вести