ПЕНДИКОВ Е ПРЕНЕСЕН НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СОФИЈА СО БУГАРСКИ ВЛАДИН АВИОН - Радев за инцидентот ќе ги информира шефовите на ЕУ
Бугарија, со владин авион ќе го транспортира нападнатиот секретар на бугарското здружение „Цар Борис Трети“ во Охрид и ќе го лекува во болница во Бугарија, соопштија од бугарското МНР. Од таму велат дека во случајот се вклучени сите бугараски институции,
„Бугарските институции веднаш презедоа активности за транспортирање во Бугарија на државјанинот на Македонија со бугарска самосвест и секретар на организацијата ’Цар Борис Трети‘ во Охрид, Христијан Пендиков, кој тешко нстрада по физички напад на 19 јануари 2023 година. Во случајот се вклучени сите надлежни бугарски институции. Жртвата ќе биде пренесена со владин авион на ’Авиотријад 28‘ и сместена во бугарска медицинска установа“. – пишува во соопштенито на Бугарското МНР.
Бугарскиот претседател Румен Радев кој на Фејсбук најави дека за инцидентот ќе ги информира шефовите на држави и влади на земјите од ЕУ, како и европските институции и Советот на Европа.
Категорично ги осудувам систематските прекршувања на правата на Бугарите во Македонија и влевањето омраза кон нив, чиј резултат беше нападот врз Бугаринот Христијан Пендиков во Охрид. Декларираните амбиции за членство на Македонија во Европската Унија и преземените заложби за реформи и зајакнување на демократските норми во земјата се во спротивност со реалноста во која живеат Бугарите кај нашиот југозападен сосед. – напиша Радев.
