Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски: Земав 93.000, сега ми легна 165.000 денари плата

Пендаровски: Земав 93.000, сега ми легна 165.000 денари плата

Претседателот Стево Пендаровски денеска за медиумите потврди дека добил за 78 отсто повисока плата за месец април, откако Уставниот суд ги укина законските ограничувања.

- По ново 165.000 денари, по старо 93.000 денари. Тоа го објавија сите медиуми, потврди кратко шефот на државата пред новинарите.

Платата од 165 илјади денари.беше претходна пресметка што се добива од множењето на ланската просечна плата со неговиот коефициент според функцијата што ја извршува.

Министерот за внатрепни работи Оливер Спасовски пак рече дека се уште не ја добил платата за месец април за да може да каже каква е неговата состојба на сметка. 

Највисоки плати ќе добиваат премиерот Димитар Ковачевски, министрите, претседателот на Собранието, Талат Џафери, и пратениците, како и градоначалниците.


Слично

Поврзани вести