Пендаровски, Заев, домашни и странски гости денес на Криволак
Од 17 мај на Криволак се одржува вежбата „Одлучен удар – 21“ . Тие активности ќе траат се до 2 јуни, а денес токму таму ќе бидат присутни високи гости, од државниот но и странски врв.
Во најавата е дека на Криволак денес ќе бидат шефот на државата и врховен командант Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев , министрите Филип,е Шекеринска, Спасовски, но и спикерот на Собранието, Талат Џафери.
Покрај нив гости ќе бидат и министерката за одбрана на Црна Гора, Оливера Ињац, амбасадорите на САД, Кејт Мери Брнз, како и на Грција и на Албанија.
Гости ќе бидат и високи воени и цивилни претставници на вооружените сили и министерствата за одбрана на САД, но и од соседна Бугарија.
Слично
