Пендаровски заедно со борците за Илинден
Во организација на Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во Скопје ќе бидат организирани неколку свечености за чествување на 2 Август Илинден - Ден на Републиката и Првото заседание на АСНОМ.
Претседателот Пендаровски ќе учествува на маршот со Сојузот на борците низ Алејата на великаните, а ќе положи свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ на градските гробишта Бутел. Делегација од кабинетот ќе положи свежо цвеќе на споменикот на Никола Карев пред Парламентот на Република Северна Македонија, споменикот на АСНОМ во паркот Жена-борец и споменикот на Методија Андонов-Ченто на градскиот плоштад.
Претседателот Пендаровски ќе биде домаќин на централна свеченост која ќе се одржи во Вила Водно на која ќе бидат поканети членови на Сојузот на борците, јавни институции, политички партии, дипломатскиот кор, а настанот ќе биде отворен за медиуми со директен пренос на јавниот сервис.
