ПЕНДАРОВСКИ ЗА СЛУЧУВАЊАТА ВО М-НАВ: Ја поддржувам иницијативата на Владата со која е најавена целосна смена на сите раководни структури
Претседателот на државата, Стево Пендаровски одлучно го осудува насилничкото однесување во М-НАВ од страна на вработени во таа инстутиција и други лица кои неовластено влегле во нивните простории.
Истовремено ја поддржува иницијативата на Владата со која е најавена целосна смена на сите раководни структури во М-НАВ кои се директно одговорни за настанатата состојба во институцијата, а чија работа е од суштинско значење за безбедно одвивање на воздушниот сообраќај.
„МВР, исто така, има целосна поддршка од претседателот Пендаровски во најкус можен рок да ги расчисти настаните кои се случија во М-НАВ, а имајќи предвид дека истите се случија во објект кој е дел од критичната инфраструктура во државата при квалификацијата на притивправните дејствија треба да се земе в предвид потенцијалното загрозување на безбедноста во меѓународниот авионски сообраќај“, реагираат од кабинетот на претседателот.
Претседателот Пендаровски, уште еднаш, нагласува дека ничиј личен или политички интерес не може да биде над правниот поредок и непреченото функционирање на институциите.
Вчера имаше упад во Контролата на летање. Првиот синдикалец на Контролата за летање, Александар Тасевски, денеска брифираше дека се јавил на повик на делегацијата на Европската Унија во Македонија за да ги информира за случувањата во македонската навигација.фото Фејсбук/Стево Пендаровски
