ПЕНДАРОВСКИ ЗА ПАЛЕВСКИ: Беше поврзан со елементи кои работеа на проруската агенда
Претседателот Стево Пендаровски за тоа дали може надворешните влијанија да се поврзат со двојното убиство вели дека досега не видел таков податок.
Немам никакви сознанија со кого некогаш се среќавал амбасадорот во Словенија, Горан Милевски, вклучително и со првоосомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски – вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. Според Уставот и законите, шефот на државата го потпишува указот за назначување амбасадор на предлог на Владата.
Тој ја искоментира и партијата на осомничениот Љупчо Палевски.„Во делот на сознанија, значи непотврдени во судски процеси, бидејќи такви нема, првоосомничениот беше поврзан со елементи кои работеа на проруската агенда во Македонија. За жал, според истите сознанија, тој беше поврзан и со некои високи црковни великодостојници во МПЦ“, вели претседателот.
Рече дека треба да оставите судскиот процес да си го направи своето.
Во Турција, Палевски е во екстрадиционен притвор од 40 дена.
