Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски за „Јавна соба“: Да се прашаат носителите на функции на институции кои постапувале лошо, аматерски или не постапувале

Пендаровски за „Јавна соба“: Да се прашаат носителите на функции на институции кои постапувале лошо, аматерски или не постапувале

За „Јавна соба“ мора да има одговорност. 

Македонскиот претседател Стево Пендаровски во интервју на ТВ24 коментирајќи го случајот „Јавна соба“ изјави дека треба да се повикаат на одговорност раководните лица на институциите кои треба да постапуваат по него.

Вели дека треба да се прашаат носителите на функции на тие институции кои постапувале лошо, аматерски или не постапувале. 

„Мислам дека единствен начин во оваа држава конечно да профункционира одговорноста да ги прозиваме луѓето  кои се носители на соодветна институција со име и презиме. Вие сте одговорен за тоа, зошто ништо не сте направиле? И јавноста, често пати е инертна или прашањето се третира два-три дена и не се навраќаме на одговорноста. Одговорноста секогаш за било кое дело има име и презиме“, рече Пендаровски.

Тој рече дека во овој случај има неколку илјади жртви. Веќе се уапсени неколку луѓе за случајот. 

Слично

Поврзани вести