Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕНДАРОВСКИ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ: Не размислуваме за некоја друга алтернатива

ПЕНДАРОВСКИ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ: Не размислуваме за некоја друга алтернатива

Заклучоци на Европскиот совет и можноста за предвремени избори се двете теми за кои се разговарало на лидерската средба кај шефот на државата, Стево Пендаровски. 

Вели дека Македонија по трет пат е во ваква ситуација. Лидерите кажале „не“ за какви било други алтерантиви. 

„Стојат зад идејата Република Северна Македонија што е можно поскоро да ги почне и што е можно поскоро да ги заврши тие преговори со Европската Унија, за да стане членка“, рече Пендаровски. 

Лидерите рекле дека немаат проблем со новата методолигија, односно онаа која ќе подразбира реверзибилен процес. 

Првиот дел заврши, а во вториот дел од лидерската ќе се разговара детално за евентуални избори. 

Слично

Поврзани вести