ПЕНДАРОВСКИ ЗА ЕКСТРАДИЦИЈАТА НА ПАЛЕВСКИ: Мислам дека нема да чекаме години
Претседателот Стево Пендаровски вечерва во Само интервју на Канал 5 за екстрадицијата на првоосомничениот за двојното убиство на Вања и Панче, Љупчо Палевски од Турција, верува дека ќе се случи брзо. Додаде дека со Турција имаме добри политички односи.
„Мислам дека нема да чекаме години. Не можам да видам дека има позадински мотиви“, кажа тој.
Претседателот кажа дека веројатно требало да биде погласен за некои негативни појави. Го спомена двојното убиството на Вања и Панче, но додаде и дека во општеството има лица кои повикуваат на отстрел. Турската полиција го уапси Палевски во градот Баликесир.
Слично
