ПЕНДАРОВСКИ: Возачките дозволи ќе важат уште 10 месеци
Претседателот на државата Стево Пендаровски изјави дека ќе се продолжи важноста на возачките дозволи за 10 месеци.
Возачките дозволи ќе важат до крајот на 2024 година. Со 89 гласа ЗА, пратениците ја изгласаа потребата од промени во законот за безбедност во сообраќајот. На итната седница која ја свика претседателот на собранието Јован Митрески прва точка беше потребата од носење на Законот за безбедност во сообраќајот со што важноста на возачките дозволи со старото име на државата ќе биде до 31 декември. Овој закон сега треба да го помине филтерот на комисијата за одбрана и законодавно-правната комисија. Се очекува овие измени да бидат изгласани денеска попладне.
Слично
