Пендаровски: Во заштита на човековата околина не можете да поставите рокови
Шефот на државата Стево Пендаровски вечерва изјави дека претставниците на невладините навеле дека во изминативе 10, 15, 20 години не е направено ништо за животната средина.
Пендаровски кажа дека имало конструктивни разговори, без расправии.
„Во заштита на човекова околина не можете да поставите рокови. Тоа е работа како со демократијата, не можете да кажеме сега имаме совршена демократија“, рече тој.
Додаде дека се согласиле дека проблемите бараат итна реакција.
Вели дека еден министер, еден претседател или премиер не можат да го решат проблемот со загадувањето.
Пендаровски имаше средба со претставници на повеќе невладини организации.
Слично
