Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски: Во овој момент максимум 74 пратеници би гласале за уставни измени

Пендаровски: Во овој момент максимум 74 пратеници би гласале за уставни измени

Според Претседателот Стево Пендаровски промената на Уставот  не е страшно и нема да ја дестабилизира државава.

-Јас сум прв за промена на Уставот за Бугарите во Устав, бидејќи не мислам дека тоа е страшно, и дека ќе ја дестабилизира Македонија. Освен Македонците, имаме и други делови од народи. Меѓутоа, ако ги немаме потребните 80 пратеници, како ќе ги направиме - рече Пендаровски во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24.

Според Пендаровски, од информациите достапни во јавноста, како што вели, во овој момент максимум во сите комбинации 74 пратеници би гласале, било дали се на власт или во опозиција, за внесување на Бугарите во Уставот.

- Недостасуваат шест пратеници. Од ова што е остатокот од овие 74 до 120 не знам еден единствен кој вели – „се мислам можеби ќе гласам“. Не сум чул. Значи фактичката состојба е таа. Дали се разговара, да. Дали Владата треба да разговара со сите пратеници, одговорот е да - вели Пендаровски.

Тој се осврна и на средбите меѓу меѓународните претставници и опозицијата, токму на темата промена на Уставот. 

- Сите меѓународни преставници во агендата имаат средби со опозицијата и ќе ги прашуваат. Можеме да се чудиме зошто опозицијата, зборувам за главната опозициона партија, која вели немаме проблем со содржината на барањето, но пак не би гласале бидејќи бараат некаков тип на гаранција,да ви дадат гаранција дека ова е последно што го бараме, но сеедно сите тие кажуваат дека немаме намера ни денес, ни утре, ни до новите следни избори да гласаме, рече Пендаровски. 

Според него, Владата треба да се обиде да разговара го добие неопходното мнозинство.

– Јас не сум дел од Владата, не сум дел од Парламентот, до овој момент моите информации се дека нема ни близу 80 пратеници. Дали треба да има според мене, да. Стратешка цел е, утре сегашнава опозиција ќе биде на власт. Сегашнава власт ќе биде опозиција. Па ќе барате од утрешната опозиција две третини, ќе барате. Нели ако ви е целта навистина ЕУ. Да не губиме време, меѓутоа очигледно калкулациите како ќе поминеме на следните избори, и што ни носи и што ни губи е доминантно - оценува Пендаровски.

Слично

Поврзани вести