Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски: Во изминативе години најмалку три пати биле пресретнати терористички напади

Пендаровски: Во изминативе години најмалку три пати биле пресретнати терористички напади

НАТО пресретнал најмалку три терористички напади кон Македонија.

Шефот на државата Стево Пендаровски, изјави дека во најмалку три наврати НАТО пресретнал терористички напади.

„Нема да навлегувам во детали, но според податоците добиени од НАТО, во изминативе години најмалку три пати биле пресретнати терористички напади, а сè уште биле во подготвителна фаза што се случувала надвор од нашата територија“, рече Пендаровски.

Македонија е полноправна членка на НАТО од март 2020 година, а претходно го потпиша Преспанскиот договор со што Грција дозволи влез во Алијансата. 

Претседателот повика да се направат уставни измени.

Од политичката партија Левица го нападнаа Пендаровски и го нарекоа империјалистички слуга.

Слично

Поврзани вести