Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски: Владата во лош тајминг одбра да расправа за предметот историја

Пендаровски: Владата во лош тајминг одбра да расправа за предметот историја

Претседателот Стево Пендаровски во синоќешното интервју на националниот телевизиски сервис рече дека Владата и Министерството за образование не го одбрале соодветното време кога да објават дека историјата во основното образование ќе се изучува заедно со географијата и граѓанско општество како еден предмет.

- Тајмингот беше лошо одбран во периодот кога бевме блокирани од Бугарија на патот да добиеме датум за преговори. Јас останувам на ставот дека реформите во образованието треба да започнат час поскоро и дека многу е пропуштено до сега, рече шефот на државата и додаде дека сепак историчарите го немаат кажано својот последен збор во дебатата и дека треба да се слушне нивниот глас. 

Министерството за образование и наука и Бирото за развој во образованието веќе ја презентираа нацрт-концепцијата за основно образование во Македонија. Истовремено неколку научни, образовни и инститции поврзани со изучувањето на историјата, како и влијателни поединци побараа повлекување на концептот за основно образование за предметот „општествени науки“.

Слично

Поврзани вести