Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски вели дека со случајот на Пендиков дел од бугарските партии сакаат да ќарат поени

Пендаровски вели дека со случајот на Пендиков дел од бугарските партии сакаат да ќарат поени

Maкедонскиот претседател Стево Пендаровски во интервју за Телма изјави дека одредени политички субјекти во Бугарија, локалниот инцидент во Охрид каде три лица го истепаа Христијан Пендиков, се обидуваат да го стават во политички контекст и да го политизираат за да добијат поени на краток рок.

„Прво, осудив чин на насилство, кој е наспорен, бидејќи дечкото има тешки телесни повреди. Второ, кажав дека е секретар на клубот на Бугарите во Охрид, затоа што ОЈО Охрид тврдеше дека така почнал инцидентот, дека му рекле „не ти е срам да се пишеш Бугарин”. Значи го следев она што го кажува официјален државен орган. И во третиот дел, ги повикав надлежните органи да го расчистат целиот случај и виновните, не велам кој е виновен, да сносат санкции”, рече вечерва Пендаровски во гостувањето на Топ Тема. 

Вели дека ова прашање се политизира бидејќи се закажани избори во Бугарија за 2 април, кога, како што рече, секој од овие помали политички субјекти се обидуваат да капитализираат на вакви инциденти, затоа што немаат друга политичка агенда.

„Ова им е единствена храна со која се хранат и само со таква радикална агенда можат да добијат едно или две места во бугарскиот Парламент. Со злоупотреба и политизација на овој случај можеби ќе успеат“, додава Пендаровски.

Бугарија неделава го повлече својот амбасадор Ангел Ангелов од Скопје на консултации во Софија.

Слави Трифонов од Има таков народ бара Бугарија да го врати ветото за Македонија, затоа што само така Македонците ќе ги слушале Бугарите. 

Бугарскиот претседател Румен Радев обвини дека со години во Македонија се создавала омраза кон Бугарите.


Слично

Поврзани вести