Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски уверува дека со два јазика не се руши унитарноста

Пендаровски уверува дека со два јазика не се руши унитарноста

Според пратеникот Стево Пендаровски од СДСМ официјализирање на втор јазик во земјата не е причина за рушење на нејзината унитарност бидејќи во светот постојат многу примери на земји со два и повеќе јазици кои и натаму функционираат/

- Ниту една земја со унитарен карактер која има два официјална јазика досега не е униптена, им  порача пратеникот Стево Пендаровски на своите колеги од ВМРО-ДПМНЕ кои   опонираа во своите говори и предупредуваа во рамките на Комисијата за европски прашања против носењето на Законот за употреба на јазиците.

„Неспорно е дека македонскиот и албанскиот јазик се официјални јазици во Македонија, можеме само да зборуваме за степенот на употреба. И во таа насока сакам да кажам дека сегашното решение е максимална екстензија на употребата на јазикот како право на етничките Албанци и се согласувам со тоа. Главен заклучок е дека македонскиот јазик не е загрозен и на етничките Македонци не им е одземено ниту едно право за употреба на македонскиот јазик“, рече Пендаровски.

Тој во својот говор напомена неколку држави кои имаат политички системи исти или слични на македонскиот, а во кои официјални се два јазика, а кои притоа опстанале и не пропаднале.

Белорусија, (руски и белоруски јазик), Црна Гора (црногорски, српски, албански, босански), Ирска, Кипар, Израел, Луксембург, Нов Зеланд се дел од земјите кои Пендаровски, потенцираше, дека имаат два или повеќе официјални јазика.

На овие тврдења се спротистави пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ оценувајќи го новиот предлог закон за јазиците како неуставен за што ќе бидат поднесени соодветни амандмани. 

Слично

Поврзани вести