Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски тврди дека руската разузнавачка служба е вмешана во антимакедонските кампањи во Бугарија

Пендаровски тврди дека руската разузнавачка служба е вмешана во антимакедонските кампањи во Бугарија

Шефот на државата, Стево Пендаровски денеска изјави дека организаторите на антимакедонски кампањи од Бугарија се поврзани со руската разузнавачка служба. 

Повика на неколку лица, меѓу кои е и европратеникот Ангел Џамбаски да им се забрани влез во државата, а за одбележувањето на роденденот на херојот Гоце Делчев, смета дека ќе биде настан од висок ризик. 


„Во ситуација на организирани антидржавни кампањи од политички партии и поединци можеме да одговориме на два начина. Првин, со културна дипломатска реторика како и досега, и тој круг на провокации кој често не останува само на зборови и продолжува со насилство нема да заврши, но ние нема да прекинеме. Второ, со мерки која секоја сериозна држава ги презема во вакви ситуации“, рече Пендаровски. 

Вели дека не се чекаше минатата година, кога на тројца бугарски државјани им беше откажан престој. 

„Еден од нив е посебно гласен во врска со настанот на 4 февруари. Другите двајца беа кобајаги новинари, им беше откажан престој и им беше забранет влез во Македонија во наредните шест месеци. Реакции имаше. Не можам да одам во детали, само ќе ви кажам дека дел од овие структури и лица се надоврзани на руската разузнавачка служба“, кажа Пендаровски.

Toj не гледа основа Бугарија да стави вето на Македонија и да ја блокира на патот кон ЕУ.

За изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков, кој кажа дека Македонија се вратила во времињата на палење и стрелање на луѓе, вели дека е грозна. Рече дека таа изјава може да е точна само ако се работи за настанот од Ваташа. 

Слично

Поврзани вести