Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски тврди дека луѓе од соседни држави се дојдени да испровоцираат инциденти

Пендаровски тврди дека луѓе од соседни држави се дојдени да испровоцираат инциденти

Претседателот на државата, Стево Пендаровски вели дека луѓе од други земји се дојдени во Македонија со цел да испровоцираат инциденти.

Тој интервју за Тв 21 изјави дека Руската федерација го злоупотребува тоа што граѓаните легитимно протестираат против францускиот предлог. 

„Имаме неколку дузини луѓе кои се дојдени од некои од соседните држави и кои се обидуваат да испровоцираат инциденти на протестите. Не се наши државјани“, вели Пендаровски.

Претседателот објаснува дека ретко кое момче од 18 години знае што е молотов коктел, да го направи и кога треба да го фрли.

Шест дена претходно имаше протести против францускиот предлог, а од денеска почнаа и блокади на патишта.

Слично

Поврзани вести