ПЕНДАРОВСКИ СТАПИ НА ДОЛЖНОСТ: Најави реформа во разузнавачките служби!
Новоизбраниот претседател на Северна Македонија Стево Пендаровски, кој доби официјална потврда и од Државната изборна комисија дека е избран за шеф на државата, изјави дека со овие избори земјата покажа дека може да се однесува европски и да работи професионално.
Тој најaви и дека ќе учествува и во реформите за разузнавачките служби кои се под надзор на претседателот. Пендаровски за законите кои не ги потпиша Иванов ќе се консултира со својот правен тим, кој ќе го формира следната недела.
Според зборовите на Пендаровски, политичкиот реваншизам нема да постои ниту во институциите кои се во надлежност на претседателот, ниту во претседателскиот кабинет.
Сите оние кои работат професионално, ќе продолжат да работат, а секој кој го крши законот, треба да одговара, нагласи новиот шеф на државата.
ДИК на седницата ги објави конечните резултати од изборите според кои Пендаровски беше избран за претседател на земјава.
Тој вчера беше инаугуриран при што официјално почна неговиот петгодишен мандат.
