ПЕНДАРОВСКИ: Со владеењето на правото не смее да се прави компромис
„Најголемиот предизвик за нас денес е граѓанското помирување, патот до помирување води преку правдата втемелена со вистина, а за вистинска правда е потребно владеење на правото“, истакна Шефот на државата Стево Пендаровски во своето обраќање пред вилата на Водно по повод чествувањето на Илинден.
Претседателот истакна дека само правдата и одговорноста ќе ни ја врати меѓусебната доверба и заедно да изградиме праведно општество, во кое сите ќе се вреднуваат еднакво.
Државата е наша заедничка одговорност, сите заедно треба да се грижиме за државата, без разлика на верата, етничката припадност или идеологијата. Различноста ја збогатува културата на државата, истакна Пендаровски.
Слично
