Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски со ќерката на Роберт Ф.Кенеди во Њујорк

Пендаровски со ќерката на Роберт Ф.Кенеди во Њујорк

Македонскиот претседател Стево Пендаровски своето учество во рамките на 76.Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк го искористи да се сретне и да направи фотографија со Кери Кенеди.

Мери Кери Кенедие американска адвокатка, авторка и активистка за човекови права. Таа е седмо дете на Роберт Кенеди. Позната е и по тоа што беше 15 години во брак со доскорешниот гувернер на Њукорк, Ендрју Куомо . Таа е претседател на непрофитната адвокатска фондација за човекови права „Роберт Ф. Кенеди“.

„Со Кери Кенеди, ќерка на сенаторот Роберт Ф.Кенеди, која во борбата за човекови права продолжи таму каде што застана нејзиниот татко“, напиша Пендаровски на социјалните мрежи.


Слично

Поврзани вести