Пендаровски со авионот на Радев ќе оди во Рим за празникот
Шефот на државата Стево Пендаровски и Румен Радев со авионот на бугарскиот претседател заедно ќе отпатуваат во Рим каде македонска и бугарска делегација на 26 овој месец со заеднички активности во Рим ќе го слават делото на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.
Според агендата, предвидено е Радев прво допатува во Скопје и по кусата средба со Пендаровски на скопскиот аеродром, заедно со група бугарски и македонски новинари кои ќе отпатуваат за Рим.
Двете делегации предводени од Пендаровски и Радев ќе имаат одвоени средби со поглаварот на Римокатоличката црква, Франциск. Инаку двата претседатели лани ја откажаа посетата на Ватикан поради влошената состојбата со пандемијата на Ковид-19.
Двете земји веќе неколку години заедно оддаваат почит на Денот на сесловенските просветители со положување цвеќе кај базиликата „Санта Маџоре“ како и на гробот на свети Кирил во базиликата „Свети Климент“ во Рим и Ватикан.
Инаку, црковната делегација на МПЦ-ОА на 24 мај ќе биде предводена од владиката Пимен во Рим на молебен на гробот на Св. Кирил во чест на сесловенските просветители.
