Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски сепак нема да се сретне со рускиот амбасадор во земјава

Пендаровски сепак нема да се сретне со рускиот амбасадор во земјава

Претседателот на државата, Стево Пендаровски во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма изјави дека нема да се сретне со рускиот амбасадор во Македонија, Сергеј Бездникин. 

Тој објасни зошто нема да се види со амбасадорот. 

„Имавме само две реченици разговор при положувањето на венци на гробот на поранешниот претседател Борис Трајковски. Тогаш се ракувавме и тој само ми рече дека се надева дека ќе се видиме во наредниот период. Но, нема да се видиме затоа што има една фраза која е содржана во четвртиот пакет санкции на ЕУ и САД. Таму постои формулација, којашто гледам дека медиумите слабо ја објавуваат, дека тие кои се приспојуваат кон санкциите треба и дипломатски да ја изолираат Русија“, рече Пендаровски.

За украинскиот дрон кој синоќа се сруши во Загреб, Хрватска, претседателот истакна дека сѐ уште не е познато кој точно го испалил леталото.

Рускиот амбасадор деновиве изјави дека Русија и забележува на Македонија за испраќањето на воената опрема во Украина. 

Слично

Поврзани вести