Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски: Се враќам на универзитетот каде што бев порано

Пендаровски: Се враќам на универзитетот каде што бев порано

Актуелниот претседател Стево Пендаровски уште сега им честиташе на победата на својата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова, како и на ВРМО-ДПМНЕ кај изборите за пратеници во Собранието.

Сакам да им честитам на победниците и да им посакам успешна работа во следните четири, односно пет години. Мојот концепт за  жал не доби поддршка од граѓаните, но длабоко сум убеден дека само така Македонија може да биде просперитетна држава, рече Пендаровски.

Тој додаде дека денеска биле спречени илјадници граѓани да го земат второто гласачко ливче.

- 100 илјади наши граѓани беа систематски оневозможувани да земат второ ливче. Тие се далеку поблиску до мојот политички концепт, отколку концептот на противкандидатката. Верувам дека на организиран начин беа попречени луѓето да гласаат и трката да биде далеку понеизвесна, кажа тој.

Како одговор на новинарско прашање, што ќе следи со неговата кариера по завршувањето на изборите, Пендаровски одговори дека се враќа на истото работно место пред да стане шеф на државата.

-  Се враќам на факултет, односно на универзитет каде што бев порано, откри Пендаровски.


Слично

Поврзани вести