Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски: САД никогаш не бил проалбански и никогаш не биле антимакедонски

Пендаровски: САД никогаш не бил проалбански и никогаш не биле антимакедонски

Како САД се проалбански кога 90 отсто од имињата на црната листа се Албанци, прашува македонскиот претседател Стево Пендаровски. 

Рече дека долги години има перцепција дека САД повеќе ги поддржуваат Албанците од другите во регионот. 

„Од она што го знам и истражувам, САД никогаш не бил проалбански и никогаш не биле антимакедонски во своето постапување и секогаш ги следеле своите национални интереси“, рече Пендаровски. 

Тој изјави дека национален интерес на САД е Балканот да биде стабилен, а со тоа да е стабилна и нашата земја.

„Прво ги интересира Македонија да биде во овие граници уште од времето на распадот на Југославија, второ да биде демократија, а да не оди кон диктатура и трето, Македонија да биде функционална и мултиетничка демократија, што е концептот кој што беше промовиран Охридскиот рамковен договор“, рече Пендаровски.

Тој објасни дека „САД има црна листа од 2001 година. Над 90 отсто од имињата на листата се Албанци“.

САД пред два дена на црната листа го стави струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. 

Премиерот Димитар Ковачевски денеска рече дека Мерко, треба сам да си поднесе оставка како морална одговорност, бидејќи никој не може да го разреши, па ниту ДУИ.

foto Facebook

Слично

Поврзани вести