Пендаровски: Режимот на Путин со години наназад се обидува да ги поттикне луѓето на дезинтеграција
Според македонскиот претседател, Стево Пендаровски, освен за Украина, опасност од Кремљ има и за Западен Балкан.
Според него, режимот на рускиот претседател Владимир Путин со години наназад се обидува да ги поттикне луѓето на дезинтеграција при што има обиди за провокација со цел да се наруши интегритетот на некои земји.
„Сега руската пропаганда не е интензивирана бидејќи Путин е препокупиран со западните сојузници на Украина“, изјави Пендаровски.
Шефот на државата кажа дека во регионот има две ранливи точки, а тоа се Република Српска и северот на Косово.И неговиот српски колега, Александар Вучиќ се лути затоа што се појавија информации дека групата Вагнер регрутира војници од Србија за борбите во Украина. Тој потсети дека за Србите е забрането да војуваат во туѓи земји.
foto Facebook
Слично
