Пендаровски: Референдум мора да има на крајот на патот ако добиеме разумен предлог
Предлогот за име за кој ќе се договорат преговорачките тимови на Македонија и Грција, ќе мора да помине на референдум и дека тоа е заложба на Владата, вели националниот координатор на Македонија за НАТО, Стево Пендаровски.
„Референдум мора да има на крајот на патот ако претходно добиеме разумен предлог. Се разбира не може секоја глупост во процесот да ја ставите на референдум и да малтретирате дво милионска нација“ – изјави Пендаровски во интервју за МРТ.
Тој вели дека не станува збор за ново референтно име или за привремена референца. За решавање за спорот очекувањата годинава според него се најголеми.
„Не станува збор за прашање кое ќе се реши со кафе, туку мора да се осмисли целокупен аранжман“ – рече Пендаровски.
Вели дека секој предлог на Нимиц не се состои како ќе се викате во меѓународни организации, туку има цел сет на употреби што се нарекува лична карта на секоја земја членка во Обединетите нации.
