Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски: Разликата меѓу мене и Силјановска е огромна

Пендаровски: Разликата меѓу мене и Силјановска е огромна

Благодарност за мнозинската поддршка дадена уште во привот круг.

Концептот заедно ќе победи на 5 мај а јас ви благодарам за мнозинската поддршка, кажа кандидатот од коалицијата Заедно напред.

Стево Пендаровски истакна дека очекува демократски втор круг и како што посочи мнозинството граѓани се изјасниле дека сакаат напред.

-Едвај чекам да се вратам на работа, за напред на евроатланска Македонија. 

Изборот на вториот круг ќе биде полесен бидејќи разликата меѓу мене и Силјановска е огромна. Назад не е опција, назад е блокада- кажа Пендаровски.

Тој прати порака до гласачите кои гласале за Река, за неодлучните и оние кои гласале за Силјановска дека прогресивниот концепт мора да продолжи за да живееме во стабилна, економски развиена држава.

Тој рече дека ќе биде претседател на сите граѓани и повика заедно напред.

Слично

Поврзани вести