Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски: Протестите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не беа заради притисок над судството

Пендаровски: Протестите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не беа заради притисок над судството


Стево Пендаровски, претседателот на Македонија, во своето денешно интервју за „Слободен Печат“ вели дека неподамнешните протестни маршови на СДСМ, а потоа и на ВМРО-ДПМНЕ, не ги доживува како притисок врз правосудниот систем.

- Инаку, во однос на тоа дали собирот е политички притисок врз судството, јас не ги доживувам така собирите и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Сметам дека тие собири не се притисок врз судството, а како што прочитав во медиумите, ниту самите први луѓе на судската власт не ги доживуваат како притисок, изјави Пендаровски одговарајќи на прашање за тоа дали ќе оди на партиски собири.

Минатиот месец СДСМ по распуштањето на Собранието организираше марш „Чекориме за правда“ до Кривичниот суд, а набрзо потоа ВМРО-ДПМНЕ спроведе „Протест за правда“ од Јавното обвинителство до Врховниот суд.

– Моето место како претседател на сите граѓани не е на партиски собири, организирани од која било политичка опција. Неспорно е дека како кандидат за претседател застапував една голема политичка коалиција од повеќе од 30 партии предводена од СДСМ. Но, токму тие политички партии поддржаа кандидат за претседател што ќе биде претседател за сите граѓани, независен од дневната партиска политика и со неспорен личен и политички интегритет, вели шефот на државата.



Слично

Поврзани вести