Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски: Промени на границите на Балканот водат до крвопролевање

Пендаровски: Промени на границите на Балканот водат до крвопролевање

- Промените на границите на Балканот веднаш би предизвикале крвопролевање, рече претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски.

„Не можете да ги менувате границите на Балканот без да добиете крвопролевање истиот ден. Едноставно е така“, рече Пендаровски за „Еуроњуз“, по објавувањето на медиумите за неколку таканаречени нон пејпери за предвидување на промена на границите во поранешна Југославија.

Тој посочи дека никогаш нема да прифати промена на границите на Македонија, бидејќи, како што верува, тоа би имало голема цена во човечките животи.

"Не би сакал воопшто да размислувам за тоа сценарио, бидејќи би го виделе страшното страдање на обичните луѓе. Оние што ги цртаат тие мапи не страдаат. Имаше многу такви работи на Балканот", рече Пендаровски.


Слично

Поврзани вести