Пендаровски: Прогласувам вонредна состојба, од денес извршната власт ќе има зголемени надлежности
Претседателот на државата Стево Пендаровски, на прес-конференција попладнево изјави дека прогласува вонредна состојба која ќе трае 30 дена, со цел да се заштитиме од ширење на Ковид 19.
Тој изјави дека Владата ќе треба да му поднесе извештај за преземени мерки.
„Од денес извршната власт ќе има зголемени надлежности, и ќе може да ги користи сите надлежности на државата“, вели претседателот.
Повика дека Владата мора да помогне на фирмите кои трпат огромни штети.
„Пред нас се тешки денови“, рече Пендаровски.
Владата ќе продолжи да делува како техничка. Вели дека ова е шанса на дело да покажеме дека сите политички партии ќе работат заеднички.
Слично
