Пендаровски: Приказните дека Албанците се под 20 отсто се должат на тезата дека уште сме два милиони
Тврдењата дека процентот на Албанците во државава е паднат под 20 отсто се само приказни кои поаѓаат од тезата дека сѐ уште имаме два милиони население, рече претседателот Стево Пендаровски во вечерашното гостување во „Емисијата 200“ на „Алсат“.
„За жал, сите се селиме“, потенцира тој и додава дека процентот на eтничките заедници не треба да е важен, макар бил и 3 отсто или 5 отсто.
„Мојата политичка декларација ќе биде, а ќе ја побарам и од другите политички партии на власт и опозиција… и да си 3 отсто и да си 5 отсто, не ги гледај како бројка. Тие пpaва ги имаш и можеме да зборуваме само за подобрување на состојбата и на статусот, и твој и мој“, рече Пендаровски.
Слично
