Пендаровски: Предолго сме закопани во историјата по многу прашања на Балканот
Предолго сме закопани во историјата по многу прашања на Балканот, изјави претседателот на државата, Стево Пендаровски во интервју за Тв 24.
Тој вели дека Грција одамна требала да делува разумно, и да се реши името.
Се надева дека Бугарија нема да ги блокира преговорите на Македонија.
Пендаровски изјави дека не е сигурен дека на следната лидерска средба може да падне договор за датумот за одржување на изборите. Тој шансите за договор ги сведе на 50:50.
За полицискиот час рече дека може да биде на сила и без да има вонредна состојба.
Денеска претседателот донесе одлука да ја продолжи вонредната состојба за 14 дена.
Слично
