Пендаровски: Повикувам на максимална политичка и граѓанска мобилизација
Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ и владеачката коалиција за претседател на Македонија, на денешната попладневна прес-конференција повика на максимална политичка и граѓанска мобилизација во вториот круг од изборите на 5 мај по синоќешната тесна победа над Гордана Силјановска Давкова во првиот.
- Ги повикувам и гласачите на Блерим Река да гласаат за постигнатото и да не дозволат ревизија на она што е направено до сега. Јас продолжувам со работа на терен и да се сретнувам со граѓаните. Потребно е да не дозволиме нови политички поделби - гласеше првичното обраќање на претседателскиот кандидат.
Иако власта очекуваше поголема победа, тесниот резултат, според Пендаровски, се должи на непопуларните одлуки кои биле донесени од 2016 па до сега.
За Скопје вели дека не доживеал пораз, бидејќи тој е минимален и во предвид требна да се земат сите 10 општини.
- На крајот на краиштата се гледа конечниот резултат, а тој е плус 4.600-тини гласа со недобројани резултати на 10 гласачкли места - вели Пендаровски.
Не сакаше да го коментира ангажирањето на коалиционите партнери и дека допрва треба да се види колкави се придонесеите на самиот терен.
- Сите 31 партии беа ангажирани и за предизборниот период и на самиот ден. Нема таков што седел дома и дека не работел. Направивме тешки одлуки и тоа се одрази негативно, направивме и демократски промени. Од 2016 наваму влијаеа тие политички одлуки, затоа се помали гласовите, но анкетите покажуваа вакви тенденции, анкетарите сепак погодија - рече Пендаровски.
Смета дека на секои претседателски избори последователно паѓа излезноста и дека тоа е тренд, но дека ќе го има цензусот во вториот круг.
