Пендаровски: Постои предлог да бидат затворени најмалку четири амбасади
Најмалку четири амбасади на земјава во странство ќе се затворат.
„Во наредните недели ќе се дефинира списокот кои амбасади на земјава во странство ќе бидат затворени. Во моментот има 27 испразнети дипломатски позиции. Според анализата изготвена од МНР, постои предлог да бидат затворени најмалку четири амбасади“, вели во интервју за ТВ Сител претседателот Стево Пендаровски.
Пендаровски рече дека во завршна фаза се разговорите со релевантите министри и со Владата, и во наредните недели ќе го заокружат списокот, и ќе се обидат да затворат најголем дел од овие 27 испразнети амбасадорски места.
Слично
