Пендаровски: Поголеми санкции кон Русија не се можни, операциите ги финансираат со биткоини
Претседателот Стево Пендаровски во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека поголеми финансиски санкции кон Русија не се можни, по инвазијата над украина.
- Моите инфомрации велат дека добар дел од операциите се финансисраат со биткоини, поголеми санкции не се можни, рече шефот на државата.
Пендаровски додаде дека Русија располага со 500 милијарди долари за операцијата во Украина.
- Оваа интервенција Путин ја има планирано многу поодамна. Проценките дека Путин има намера конкретно да ја окупира Украина датираат од пред 5 месеци, вели тој.
Пендаровски смета дека нема да има дестабилизација во Црна Гора и Македонија како последни земји членки на НАТО
- Најранливата точка на Западен Балкан е Бања Лука. Тоа дека следни биле Црна Гора, Македонија, тоа не е точно што го кажуваат инфлуенсерите, велат информациите на Пендаровски.
Тој тврди дека комуникацијата помеѓу Милорад Додик и Владимир Путин била интензивна и дека Додик би можел да се одлучи за т.н. недекларирана сецесија
Пендаровски додава дека стоковите резерви во моментов во Македонија се во пропишаните рамки.
- Од пченица до енергенти, ние сме точно на нормативите кои се предвидени. Проблем ќе биде долгорочно. Имаме од гас до пченица, но ако потрае кризата со месеци, ќе треба да правиме интервентни набавки, изјави претседателот.
