Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски побарал од Бислимовски да се санира енергетскиот сектор и потребите на пазарот

Пендаровски побарал од Бислимовски да се санира енергетскиот сектор и потребите на пазарот

Претседателот Стево Пендаровски денеска го примил Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, јавуваат од кабинетот на шефот на државата.

На средбата се разговарало за стабилноста на македонскиот електроенергетски систем и предизвиците со кои се соочуваме, како и за владината уредба за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор.  

„Во таа насока, Бислимоски го информираше претседателот Пендаровски за активностите што се преземаат и предвидените мерки во иднина, за капацитетите на домашното производство, како и за правата и обврските на носителите на лиценци за вршење на енергетските дејности.

Претседателот Пендаровски посочи дека е неопходно да се преземат сите мерки со цел успешно справување со предизвиците наметнати од глобалната енергетска криза, санирање на енергетскиот сектор и потребите на пазарот, како и соработка меѓу државните институции и компаниите од енрегетскиот сектор“, рече претседателот Пендаровски на средбата со Бислимовски.

Одлуката за прогласување на кризна состојба според Претседателот е нужна, со цел поефикасно спроведување на мерките и справување со предизвиците од енергетската криза.

Слично

Поврзани вести