Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски по средбата со верските лидери: Ако одите во храмовите за празниците, почитувајте ги мерките

Пендаровски по средбата со верските лидери: Ако одите во храмовите за празниците, почитувајте ги мерките

Одбележувањето на Велигден и месецот Рамазан во услови на пандемијата „Ковид-19“ беше главна тема за време на денешната средба на претседателот Стево Пендаровски со водачите на верските заедници во земјата. Во оваа прилика беше потенцирана потребата од претпазливост за време на празниците во верски објекти.

За време на состанокот, претседателот Пендаровски ја истакна улогата на водачите на овие верски институции за соживот како предуслов за просперитет и напредок во земјата, како и за нивната улога и активности за време на пандемијата „Ковид-19“.

„Претстојните велигденски и рамазански празници и годинава, за жал, ќе ги поминеме со чувство на страв.

Со поглаварите на верските заедници во нашата земја, заеднички испраќаме порака до сите наши граѓани да бидат одговорни и совесни. Ако сепак одлучат да ги посетат верските храмови, да го сторат тоа почитувајќи ги мерките и протоколите за заштита. Сега, во најсилниот бран на пандемијата на Ковид-19, навистина најважно е да го заштитиме своето и здравјето на најблиските“, истакна шефот на државата.

Од друга страна, претставниците на верските заедници апелираа до верниците за одговорно однесување и безусловно почитување на мерките и протоколите на здравствените установи.


Слично

Поврзани вести