Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски: Петков е Нелсон Мандела за претходните бугарски политичари

Пендаровски: Петков е Нелсон Мандела за претходните бугарски политичари

Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска ја пофали реториката на новиот бугарски премиер Кирил Петков, опишувајќи го како Нелсон Мандела за политичарите од претходниот владин состав на Бугарија.

- Да ви кажам најискрено, од она што го слушам од Петков, последниве недели откако е премиер, е како да зборува Нелсон Мандела, ако го споредите со тоа што зборуваа неколку министри од претходната влада на Борисов. Имавме дневна количина на навреди кон нас како народ и како нација, рече денеска Пендаровски пред новинарите.

Според шефот на државата, Петков се држи до тоа што му е надлежност и дека не ја влошува ситуацијата во односите, иако мора да маневрира и во внатрешниот политички контекст на Бугарија.

Слично

Поврзани вести