Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски: Партијата на Борисов го качи рејтингот за 7 отсто откако почна да се јуначи

Пендаровски: Партијата на Борисов го качи рејтингот за 7 отсто откако почна да се јуначи

Претседателот Стево Пендаровски во вечерашната „Тема на денот“ во дневникот на Сител објави дека ги погледнал најновите анкети пред изборите во Бугарија и констатирал дека партиите од патриотската коалиција имаат неверојатно зголемување на рејтингот откако започна негативната реторика кон Македонија.

- Анкетите покажуваат 7 процентни поени зголемување на рејтингот изминатите месец и половина на ГЕРБ на Бојко Борисов поради ова јуначење, а партијата на Красимир Каракачанов има двојно поголем рејтинг. Ова значи и тоа како им се исплати, рече Пендаровски во студиото.

Пендаровски најави дека од утре специјалниот претставник Владо Бучковски ќе има средби со бугарската министерка за надворешни рбаоти Екатерина Захариева и со бугарскиот претседател Румен Радев, а кога ќе се врати ќе треба да му го пренесе кажаното како на нему, така и на премиерот Зоран Заев, но и на опозицијата.

Шефот на државата рече дека договор нема да се постигне ако Бугарите продолжат со острата „офанзива“ и реторика.

.- Понудивме се што може да се понуди, а да не се чепка македонското. Ако сега не успееме да направиме пробив и закажеме прва владина конференција, ќе мораме да чекаме да завршат изборите во Бугарија на 28 март, наведе тој.




Слично

Поврзани вести