Пендаровски: Пандемијата и енергетската криза притискаат, но 2 отсто од БДП за одбрана мора да има
Претседателот Стево Пендаровски пред потпишувањето на декларацијата со која Македонија формално се интегрираше во НАТО, денеска рече дека до почетокот на 2024 издвојувањето на средствата за одбрана и безбедност треба да биде 2 отсто од бруто-домашниот производ на земјата.
- Се обврзавме дека до 2024 година ќе го постигнеме прагот на одвојуваме два проценти од БДП за одбраната и иако се случуваат непредвидливи работи, како пандемијата или енергетската криза, кои притискаат за поинаков распоред за буџетските приоритети, сепак одбраната и безбедноста се основата за функционирање на сите други општествени сектори, рече Пендаровски во својот говор.
Декларацијата беше потпишана од страна на командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за трансформација, генерал Филип Лавињ и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.
Пендаровски додаде дека Македонија треба полека да се ослободува од некомпатибилната опрема и оружје кои не ги задоволуваат стандардите и да се работи на унапредување на Системот за управување со кризи.
Шефот на државата најави и модерницирање на „Криволак“ со помош на сите сојузници кои сакаат да инвестиораат во полигонот
