Пендаровски откри што може да ја влоши безбедносната состојба во државата
Иако безбедносната состојба во државата е стабилна, тоа би можело да се промени во следните два месеци.
Ова се предвидувањата на шефот на државата кој по вчерашната конститутивна седница на советот за безбедност кажа кои се можните причини за влошување на состојбата во државата.
Финализирањето на интеграцијата во НАТО но и најавите за забрзување на решавањето на косовското прашање се двата моменти кои може да и донесат на државата турбулентен период .
На седницата во вилата на Водно беа присутни сите освен лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Од неговата партија велат дека Мицкоски немало потреба да оди кај Пендаровски.
Слично
