Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пендаровски: Одлуката дали процесот ќе биде повторен сигурно нема да ја носи некој политички фактор, туку судот

Пендаровски: Одлуката дали процесот ќе биде повторен сигурно нема да ја носи некој политички фактор, туку судот

Претседателот на државата, Стево Пендаровски по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека помилување за лица кои направиле кривично дело преседан во Европа, не доаѓа во предвид. 

Вели дека сторителите направија страшни кривични дела и добиле заслужени казни, и тука нема компромис. Пендаровски рече дека со ваква спротивствена реторика нема да дојде до помирување, туку ќе се создаде јаз. 

„Со оваа моја теза не правам ревизија на судскиот процес, само зборуваме за политичко толкување на пресудите што не придонесува за нормална политичка дебата. Мојот став е дека ако има нови докази, може да се отвори процесот, но тоа не значи дека јас заговарам отворање на процесот. Одлуката дали процесот ќе биде повторен сигурно нема да ја носи некој политички фактор, туку судот“, изјави Пендаровски. 

Тој вели дека за една демократија не е дозволиво претседателот и опозицијата да не комуницираат. Рече дека три месеци се изгубени. 

„Кога веќе три месеци се изгубени, подобро да бидат три месеци изгубени, отколку три години“, вели шефот на државата. 

За евроинтеграциите, му соопштил на Мицкоски дека во односите со Бугарија нема никакви новости. 

Мицкоски претходно кажа дека не бараат амнестија, туку правда за осудените. 

Слично

Поврзани вести